(ВИДЕО) Сирискиот премиер ја напушта резиденцијата во придружба на бунтовниците
По објавата на сириските бунтовници дека го ослободиле Дамаск, на социјалните мрежи утринава се појави видео на кое сирискиот премиер Мохамед Гази ал Џалали ја напушта својата резиденција во придружба на вооружени лица. Видеоснимката покажува како телефонирајќи, тој се симнува по скалите на објектот, опкружен од вооружени мажи кои го придружуваат додека влегува во црн џип.
A video captured outside the Syrian Prime Minister's residence shows rebel forces escorting Mohamad Al Jalali to a meeting with their leaders at the Four Seasons Hotel pic.twitter.com/WkT2IZAJLi
— The National (@TheNationalNews) December 8, 2024
Наводно, премиерот на Сирија се упатува кон хотел во Дамаск за да се сретне со водачите на бунтовниците и да им ги предаде владините овластувања.
„Поранешниот премиер е со 5-иот корпус од жителите на Хауран и се упатува кон хотелот ‘Четири сезони’ на состанок за да ги предаде институциите на земјата на хероите на Слободната армија“,
ја цитира Си-ен-ен изјавата која се слуша на видеото.
На видеоснимката, како што додава Си-ен-ен, се слуша како сирискиот премиер вели дека сака да обезбеди континуирана работа на јавните институции, да ги заштити државните објекти и да ја одржи безбедноста за сите граѓани во ова време на транзиција на власта.
Сириските бунтовници објавија дека го ослободиле Дамаск, непознато каде се наоѓа претседателот Асад
Претходно денеска, откако сириските бунтовници објавија дека ја презеле контролата врз главниот град Дамаск, сирискиот премиер Мохамед Гази ал Џалали рече дека ѝ подава рака на опозицијата, додавајќи дека сака да го гарантира функционирањето на државните институции.