(Видео) Скандал: Употребена пиротехника после говорот на премиерот – малолетници без дозвола за ракување палеа бакљи на настан на ВМРО-ДПМНЕ, стримот беше угаснат
Голем скандал ја одбележа денешната годишна Конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на која говореше премиерот, Христијан Мицкоски.
Имено употребена беше пиротехника која пред настанот била поделена на малолетници кои присуствувале на настанот.
Лицата кои ја имале пиротехниката ниту имале дозвола за истата ниту пак знаеле како да ракуваат со неа, а се поставува и прашањето од каде истата е набавена имајќи го во предвид новиот Закон со кој настрого се контролира употребата и продажбата на истата.
Имено неодамна токму на предлог на ВМРО-ДПМНЕ беше донесен нов построг Закон за употреба на пиротехника. Соогласно истиот се забранува секаква употреба на пиротехника во затворен простор. Законот беше донесен по големата трагедија во Кочани во која 62 лица го загубија својот живот, а 200 беа повредени.
Погледнете како власта не го испочитува Законот кој самата го донесе само за да му се додвори на премиерот.