(ВИДЕО) Скопјанецот Зоран Настески совлада патник што се заканувал дека има бомба, на авионски лет од Лондон за Глазгов

Зоран Настески од Скопје, кој живее во Англија соборил на земја патник кој на лет од Лондон до Глазгов се заканувал дека има бомба и извикувал „Смрт за Америка, смрт за Трамп“ и „Алаху акбар“ и го држел до слетување, каде што го привела шкотската полиција.

Како што објави СДК, кога слетале на аеродромот во Глазгов, на пистата дошле пожарникари и полиција и го уапсиле 41-годишниот патник кој се заканувал.

Back to top button
Close