(Видео) Скопјани спремале одмазда за нивните браќа осудени за тероризам: отворена истрага за тројца скопјани

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе истражна постапка против три лица од Скопје, осомничени за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што соопштија од Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, истрагата е отворена по кривична пријава поднесена од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

„Во рамките на предистражна постапка е утврдено дека постои сомневање дека лицата се организираат за одмазда на своите браќа кои во текот на минатата година беа обвинети и осудени за кривично дело „терористичка организација“. Според досега прибраните докази, осомничените дејствувале организирано и координирано, како група со заедничка идеолошка определба, заснована на радикални исламистички наративи. Постојат сомневања дека се преземале активности за собирање парични средства од земјава и од странство и дека се користени за пропаганда и активности на исламската држава, како и за набавка на оружје“, велат од Обвинителството.

ПОВЕЌЕ НА ЛИНКОТ

Back to top button
Close