Видео: Скопје потонато во смог. Сонцето се гледа само на Водно, но жичарата не работи
Додека Скопје е заробено во смог, на врвот на Водно продираат сончеви зраци. Но, не секој граѓанин може да ужива во чистиот планински воздух бидејќи жичарата не работи.
Според ЈСП, причината за неработењето е силен ветер, пренесуваат од 21 ТВ.
„Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од ЈСП.