(ВИДЕО) Градоначалникот на Тетово Билал Касами отвора улица во Тетово со знаме на „Голема Албанија“

Градоначалникот на Тетово Билал Касами отвора улица во Тетово со знаме на таканаречена Голема Албанија, објави „Слободен печат.“
Пред само две недели знаме со карта на таканаречена „Голема Албанија“ која опфаќа делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се вееше на концертот, кој Општина Тетово го организираше по повод пречекот на косовскиот премиер Албин Курти.

 

Касами потоа даваше изјави за медиумите и се фотографираше додека во заднина се вееја знамето на „голема Албанија“ и албанското национално знаме. Тој изјави оти знамињата кои се најдоа на денешниот настан ги поставиле граѓаните како „одговор на провокациите од власта“.

„Не само јас ниту граѓаните не се плашат од ваквите уцени, луѓето веќе се убедени дека мора да има промени на централна власт за да имаат подобри услови во иднина“,изјави Касами оценувајќи дека прекршочните пријави кои беа поднесени против него и Општината поради непочитувањето на Законот за употреба на грбот, знамето и химната на РСМ се политичка порака до него.

Прашан дали поставувањето на знамето на „голема Албанија“ ќе влијае врз соживотот во Тетово, тетовскиот градоначалник повторно кажа оти тоа е реакција на граѓаните на односот кој власта го има кон нив.

„Ова нема врска со организацијата на настанот и со Општината. Тоа што има врска со нас е промовирањето на оваа улица. Ова е порака до власта да не ги провоцира граѓаните зашто тие соодветно ќе одговорат“,одговори Касами.

Back to top button
Close