Видео: Словенија и Италија погодени од силно невреме. Утрово повторно вклучен портокалов аларм

Дожд и ветер урнаа дрвја, телекомуникациски столбови и инсталации, а кренаа покриви. Дождовницата поплави згради, а имаше и неколку одрони.

Невремето прво ги зафати Горишка Брда, Нова Горица и Љубљана, а потоа и Dолењска.

Милано и неговата околина утринава околу четири часот беа погодени од силно невреме проследено со пороен дожд, град и ветер со брзина поголема од 100 километри на час, што е второ невреме за нешто повеќе од 12 часа.

Една жена загина во Mонца, а најмалку три лица се повредени вчера во милано кога силен дожд и силен ветер ја погодија северна Ломбардија.

Според прогнозите, можни се и денеска нови врнежи во Милано, јавија италијанските медиуми.

Back to top button
Close