ВИДЕО: Снимка која предизвика револт во јавноста – Без заштитна опрема, на 11-ти кат во Белград, жена го брише прозорецот
Жена без заштитна опрема чисти прозорци на крајно небезбедно место, на 11 кат од станбена зграда.Видеото е споделено на инстаграм страницата „serbialive_beograd“.
Je l’ nema nekih profi perača prozora za ove zgradurine u Bg na vodi.
Aman! Pa žena se drži za vrata na nekom 10., 11. spratu. 😱😱 pic.twitter.com/px0aSmq7GR— Ksenija (@XeniaKsenija21) June 19, 2023
Се претпоставува дека жената е хигиеничарка.
„Работам во компанија која одржува згради. Да кажам дека жените се на најниско ниво на почит. Ги омаловажуваат и ги тераат да направат се за минимална плата. Нема пари поради кои треба вака да ви го доведат животот во прашање. Страшно“, стои во еден од коментарите на Инстаграм.
Снимката претходно е објавена и на твитер, а личноста што ја споделила, исто како и инстаграм-профилот serbialive_beograd, пишува дека жената работи во стан во станбениот комплекс „Белград на вода“.






