(Видео) Снимка од Аеродром: Деца наводно кршеле инвентар на игралиште зад „Три Бисери
Деца биле затекнати на игралиштето „Патрик“ зад ТЦ „Три Бисери“ во скопската населба Аеродром, каде според очевидецот кој ги снимил, претходно го оштетувале инвентарот.

Снимката ја направил јутуберот Никола Поповиќ, кој тврди дека реагирал откако слушнал силни удари и лупање во близина на игралиштето. На видеото се гледа како тој разговара со неколку деца и ги прашува дали го оштетувале инвентарот.
„Сега ќе дојдат од полиција“, им вели Поповиќ на децата, додека едно од нив одговара: „Јас не кршев“.
Според снимката, тој побарал и контакт од родител на едно од децата. Подоцна на социјалните мрежи објавил дека на местото пристигнала полиција.
Според неговите тврдења, полициските службеници ги легитимирале децата, како и родителот кој дошол на локацијата откако бил повикан од едно од нив.
Од видеото не може независно да се потврди дали навистина било извршено оштетување на инвентарот, ниту кој евентуално го сторил тоа. Според изгледот на лицата на снимката, станува збор за малолетници.
Видеото погледнете го тука






