ВИДЕО: Снимки од бурата Еовин во Ирска што остави повеќе од 625.000 домаќинства без струја

Бурата Еовин што ја зафати Ирска на 24 јануари остави тешки последици. Повеќе од 100.000 потрошувачи сѐ уште се без струја, објави денеска Блумберг.

Премиерката на Северна Ирска, Мишел О’Нил изјави дека енергетските компании работат на враќање на снабдувањето со електрична енергија што е можно поскоро, но дека големата штета предизвикана од невремето ја отежнува работата.

Фото: Принтскрин, Скај Њуз видео

Ирската компанија за дистрибуција на електрична енергија вчера соопшти дека 625.000 домаќинства и бизниси во земјата останале без струја поради последиците од невремето, додека поправките ќе траат неколку дена.

Ова беше првпат по бурата Офелија во 2017 година, Ирска да биде ставена под црвен аларм. Се откажаа околу илјади летови, затворија јавни институции, a еден човек го загуби и животот. Вистинскиот размер на последиците сѐ уште е непознат.

 

 

Back to top button
Close