(ВИДЕО) Снимки од патот до Курск: Руските војници спиеле со денови во гасоводните цевки

Денес излезе вест дека Русија се обидела тајно, преку гасоводни цевнки, да влезе во област во која има украински војници.

Јуриј Подољак, проруски воен блогер роден во Украина, изјавил дека руските специјални сили пешачеле околу 15 километри преку главниот гасовод до Суџа и дека некои од нив поминале неколку дена во цевките.

Русија во неделата го нападнала градот Суџа откако специјалните сили ги искористиле гасоводите за да допатуваат. Тие потоа се обиделе да го завземат градот кој се наоѓа во западниот дел на областа Курск. Рускиот план бил бргу откриен од тим за воздушни извидување и биле спремени со помош на ракети, артилерија и беспилотни летала.

Back to top button
Close