ВИДЕО: Снимки од соседството на кафулето „Мош“ – работи и вечерва со гласна музика и со многу гости

Снимки направени од граѓани кои живеат во близина на кафулето „Мош“ во центарот на Скопје покажуваат дека работи и вечерва со гласна музика и со многу гости.

Еве како е затворен "Мош". Ова видео е од пред една минута. Главното тек ќе биде накај 23. Стварно не ми е јасно кој кого измотува. Не може цело маало да спие од среда до недела. Да не зборуваме за непочитување на COVID мерките. Општина Центар Mosh Bar Food Apartmentshttps://plusinfo.mk/zatvoren-mosh-turkanici-i-zabava-bez-maski-sino-a-na-gostuva-eto-na-srpskiot-pe-ach-video/

Дафина Џепароска 发布于 2020年10月3日周六

Од кафулето "Мош" се изживуваат со гласна музика, толпа и без маски. Ова е снимено со затворен прозорец. Денес има вест по порталите дека е затворено, но не е така. Каде се властите? Што прави полицијата? Дали е во прашање поткуп? Колку децибели се дозволени во Општина Центар?

Светле Камџијаш 发布于 2020年10月3日周六

Кафулето е во центарот на вниманието откако беше објавено откако беше објавено дека Пазарниот инспекторат поднел кривична пријава по синоќешното гостувањето на српскиот пејач Владо Георгиев поради непочитување на мерките и протоколите за Ковид-19.

Сепак, Стојко Пауновски директор на Државниот пазарен инспекторат вели дека пазарните инспектори, според законските прописи, немаат надлежност да го затвораат угостителскиот локал ако не се почитуваат ковид-протоколите туку само да му поднесат кривична пријава и да добие парична казна.

„Нека размисат во Владата како понатаму, оти ние џабе контролираме и пишуваме записници кога локалите не можеме да ги затвориме. Газдите поминуваат само со парична казна од 4.000 евра, а за гостите кои не почитуваат протоколи нема никаква казна. Кафулето ‘Мош‘ има кривична пријава од минатата недела за непочитување протоколи. И вчера од концерот на Владо Георгиев е направен записник за повторно непочитување протоколи. Мора да се донесе итно законска измена за да можеме да постапуваме со затворање на локалите. Сега тоа може да го направиме само ако работат повеќе од дозволеното работно време“ вели директорот Пауновски.

Back to top button
Close