(ВИДЕО) Со боксови и газење нападнат вработен во Техномаркет
Видео на кое се гледа како двајца напаѓачи претепуваат вработен на „Техномаркет“ е објавено од „Курир“. Инцидентот се случил во едно од нивните продажни места.
Напаѓачи од скопски Сарај претепуваат вработен на Техномаркет среде Скопје pic.twitter.com/7IllpEyUPQ
— Курир (@KurirMK) November 11, 2023
Како што може да се види на видеото напаѓачите прво го напаѓаат едниот вработен, кога другиот колега се oбидува да ги оттргне, удираат и по него.
Според очевидци на нападот, напаѓачите се од скопски Сарај, а нападнатиот е шеф на салонот на Техномаркет каде што се случил нападот