(Видео)„Со денови плачев и лежев на под“: Мелинда конечно ја отвори душата и призна како навистина изгледал разводот од Бил Гејтс

Разводот на Бил и Мелинда Гејтс беше екстремно покриен од светските и домашните медиуми, а поранешната сопруга на милијардерот признава дека разделбата по 27 години воопшто не е лесна.

Мелинда Гејтс, филантроп и поранешна сопруга на милијардерот Бил Гејтс, можеби на прв поглед има се, но тоа не и помогна полесно да го преброди разводот од нејзиниот славен сопруг. Во интервју за „CBS Mornings“ со водителката Гејл Кинг, Мелинда Френч Гејтс си ја отвори душата за разводот од основачот на Мајкрософт по 27 години брак. Нивниот развод беше нашироко покриен во медиумите, а бракот официјално заврши во август 2021 година.

– Важно ми е да кажам дека многу плачев со денови, но мислам дека деновите кога буквално лежев на под и тепих се далеку од мене, рече таа држејќи ја дланката до лицето.

– Помислив: Како е можно ова? Како да станам? Како да продолжам понатаму?

Мелинда призна дека имало денови кога била лута, но и дека сето тоа било дел од процесот на тагување.

– Тагувам за нешто што го имав и мислев дека ќе го имам засекогаш. Тоа се болни работи.

За разводот на Бил и Мелинда Гејтс долго и нашироко се пишуваше, а има неколку клучни моменти кои наводно ја разделиле двојката. Се шпекулираше дека Мелинда добила желба за развод во моментот кога Мекензи Скот се разведе од Џеф Безос, кој и беше неверен. Според Волстрит журнал, пред речиси три години, Мелинда побарала совет од своите адвокати, пред официјалното барање за развод, а потоа, наводно, рекла дека бракот меѓу неа и Бил е уништен и тоа неповратно.

Според извештаите на медиумите, поранешната г-ѓа Гејтс била многу вознемирена од врската на нејзиниот сопруг со Џефри Епштајн, обвинет сексуален престапник кој починал во затвор додека го чекал судењето. Наводно, двајцата почнале да се дружат во 2013 година, а познато е дека Гејтс се сретнал со Епштајн.

Back to top button
Close