Related Articles
Можеби ќе ве интересира
Close
Звуци од зурли и тапани преточени во македонско оро се слушаат пред палатата „Христо Татарчев“, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје, пренесе „360 степени“.
Членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ ја слават победата на нивниот претседателски кандидат, но и победничките резултати од парламентарните избори.
Пред речиси два часа симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да се собираат пред седиштетот на партијата, очекувајќи ги првичните резултати од денешниот изборен процес за избор на претседател и за парламентарните избори.
…