(Видео) Сообраќајка кај Соборен храм на Партизанска: „Шкода“ заврши во жардиниера

Возач со автомобил марка „шкода“ имаше тешка сообраќајна несреќа, качувајќи се на жардиниера кај Соборниот храм.

Од силината на ударот, предниот дел од возилото е целосно вдлабнат и видно оштетен, што укажува на силен директен судир.

Засега нема официјални информации за причините поради кои дошло до несреќата, ниту за состојбата на возачот и можните патници во возилото.

Се очекува надлежните институции да излезат со повеќе детали по извршениот увид на местото на настанот.

Видео на следниот линк

Back to top button
Close