ВИДЕО: Сопругата на Андреј од ДНК објави емотивно видео од него и ќеркичката и повика на протест на „Марш на ангелите“

На краткото видео Андреј е на жичара со ќеркичката Јана. Тој ѝ вели „Мавни ѝ на мама“, слаткото девојче плашливо коментира „Многу е страшно“, а тој низ насмевка ја теши „Не е страшно“.

Првата снимка оригинално е објавена од Здружението на граѓани „16ти Март 2025 Кочани“, кое апелира сите да им се придружат на родителите на жртвите на мирниот собир за правично судење.

„Да чекориме со љубов, со болка и со достоинство во име на оние што повеќе не можат да чекорат“ – се вели во нивниот повик.

30-тиот „Марш на ангелите“ ќе се одржи на 15 ноември (сабота) од 12:05 часот на плоштад Македонија

Back to top button
Close