ВИДЕО: Советничката Атина Мургашанска жестоко против градоначалникот Максим Димитриевски
На седница на општина Куманово жестоки обвинувања на советничката на СДСМ, Атина Мургашанска, на адреса на градоначалникот Максим Димитриевски за изборен поткуп на последните локални избори дека бил фатен со кола полна пари за поткуп но случајот бил забошотен,за поставување на улиците евтин бекатон за купување стан од 90 квадрати за само 2 илјади евра и уште многу други злоупотреби на градоначалникот.
Во најавата за нејзиниот говор на совет на општината како реплика на градоначалникот со објавување таа со видео снимка објавува се што го обвинила но и дека претседателката на советот по наредба на градоначалникот и го исклучува микрофонот и последните 5 минути зборува со исклучен микрофон.
На барање на моите сограѓани ја објавувам мојата дискусија од последната седница, за жал без звук во последните пет минути, кој уплашени го исклучија. Погледајте го следново видео, а за последните факти, без грижа, нема да ги сокријат! Ќе ги повторам јас на следната седница за советнички прашања! – пишува советничката Мургашанска во објавата на видеото од нејзината дискусија на фејсбук