(Видео)Спектакл без победник- После 15 години Тајсон се врати во рингот- боксуваше нерешено со Рој Џонс Јуниор

Во мечот  кој траеше осум рунди од по две минути, двајцата боксери имаа свои импресивни моменти во текот на борбата, на крајот судиите одлучија исходот да биде нерешен.
 
„Ова е подобро отколку да се бориме за титули. Сега сме хуманитарци. Можеме да направиме нешто добро за светот. Треба да се бориме повторно“, изјави Мајк Тајсон по мечот.
Тајсон треба да заработи околу 10 милиони долари за оваа борба, а од претходно вети дека целата сума ќе ја донира во хуманитарни цели.
Ова беше враќање во рингот на Тајсон по 15 години, тој од боксот се повлече во 2005 година по поразот од Кевин Мекбрајд. Рој Џонс боксуваше и во своите 40ти години.

 

Back to top button
Close