(Видео) Спортистка објави снимка од сместувањето во Македонија – паднала плоча од спуштениот плафон во бањата

Бања во сместувањето на шпански спортистки во Скопје / Фото: ТикТок

Млада спортистка од Шпанија, која учествува на Европскиот младински олимписки фестивал во нашата земја со својата репрезентација, на „ТикТок“ сподели снимка од бањата во сместувањето, каде паднал поголемиот дел од една плоча од спуштениот плафон, отворајќи голема дупка на таванот.

„Не поминаа ни 72 часа, а веќе падна покривот во бањата“, пишува Шпанката во објавата, која е проследена и со коментарот: „Уникатно искуство“.

Во објавата не е наведено дали таа е сместена во Скопје или надвор од главниот град.

Илјадници млади спортисти во моментов се во Скопје и во земјава, каде учествуваат на Младинскиот европски олимписки фестивал, најголемото спортско натпреварување на кое Македонија била домаќин, кога е бројноста на спортистите во прашање.

Извор: slobodenpecat.mk

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close