ВИДЕО: Спречен инцидент пред болницата во Прилеп: Две поголеми групи вооружени се обиделе да се пресметаат меѓу себе – полицијата интервенирала

Според неофицијални информации две поголеми групи вооружени со огнено и ладно оружје се обиделе да се пресметаат меѓу себе, по што интервенциите на МВР го спречиле инцидентот, пренесува Маркукуле.мк.

Полицијата го обезбедува целиот простор околу болницата за да не дојде до поголема опасност.

На местото интервенирала полицијата, но учесниците не ги послушале наредбите да престанат. Во еден момент, еден од полициските службеници испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол за да ја смири ситуацијата.

Во полициската станица во Прилеп биле приведени 13 лица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. – Скопје1.мк

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Back to top button
Close