(Видео) Стари дискотеки се отстрануваат од Градскиот парк, почна уредувањето на просторот за Луна парк

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео на социјалните мрежи на кое се прикажува расчистувањето на просторот во Градскиот парк каде што е предвидена изградба на новиот Луна парк. Тој информира дека се отстрануваат старите бесправно изградени дискотеки и дека локацијата се подготвува за реализација на проектот.
„Ред мора да има. Се расчистува просторот за изградба на Луна паркот, старите бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк заминуваат во историјата.
Како што ветив – најдоброто за Скопје!“, напиша Ѓорѓиевски.




