(Видео) Страшна експлозија во Русија – 17 луѓе се борат за живот

Најмалку 21 лице се повредени, од кои 17 се во потешка здравствена состојба во експлозија предизвикана со истекување на бензин на пумпа во Новосибирск, соопштија тамошните власти.

При истоварување од камионот дошло до истекување на бензин што предизвикало експлозија и пожар, пренесе ТАСС агенцијата.

Отворена е истрага за тоа дали се прекршени безбедносните прописи во овој случај. Пожарот зафатил површина од 1.200 квадратни метри.

Back to top button
Close