ВИДЕО Страшни поплави во Франција: Загинаа три лица, четворица се исчезнати!

 

Најмалку три лица загинаа, а четири лица се водат како исчезнати во поплавите што го зафатија департманот Гард на југот на Франција, пренесоа француските медиуми.

Во вчерашните извештаи на медиумите беше наведено дека седум лица се водат како исчезнати. Радио „Франсинфо“ малку подоцна објави дека се уште се водат како исчезнати четири лица, меѓу кои и две деца.

Обилни врнежи го погодија Гард во саботата вечерта, на 9 март. Полицијата започна акција за пребарување и спасување, а до синоќа во еден автомобил беа пронајдени тела на две лица.

Покрај тоа, 62-годишен белгиски државјанин загинал кога неговиот автомобил бил однесен од порој додека минувал мост.

Back to top button
Close