ВИДЕО „Струја и плин засега имаме.Ноќеска би можело да биде поопасно“ Македонец сведочи за пеколот во Украина
Македонец кој живее на дваесетина километри од украинскиот главен град Киев, за порталот Струмица Денес открива каква е состојбата во земјата. Игор Ангелов, кој е оженет за Украинка од 2014 година, живее во селото Зазимија кое спаѓа во Киевската област.

– Ќе гориме во пеколот. Утрово свиреа сирени. Живееме на 23 км од центарот на Киев и се слушнаа два силни удари. На работа не одиме, леб не успеавме да купиме… Купив брашно и квасец и неколку литри млеко. Струја и плин засега имаме, ќе видиме само до кога. Додека го пишувам ова пред малку слушнавме уште еден удар, прозорците се затресоа. По мое ноќеска би можело да биде поопасно – рече тој за Струмица денес.
Роднините во Македонија се многу исплашени, вели Ангелов, додавајќи дека нема опција како да се стаса до аеродромот, бидејќи е блокиран локалниот пат кој води до Киев.