ВИДЕО: Струмичкото „101“ кое го совлада времето со возење успешно пристигна во Лондон!

Драган Крстев и неговиот братучед Љубиша Велиновиќ кој на 3 септември од Струмица со автомобил „Застава 101“ од 1974 година решија да тргнат за Лондон, пристигнаа успешно, објави Струмица Денес.

Двајцата струмичани имаа интересна и несекојдневна авантура кое со сигурност ќе ја паметат до крајот на животот. Патот помина скоро без никакви посериозни проблеми во врска со автомобилот, а деновиве на портал Струмица Денес преку објавени фотографии и видеа можевте да се уверите дека и двајцата навистина уживаа во овој предизвик.

Честитки за Драган и очекуваме нов следен предизвик! Во продолжение погледнете го видеото:

Back to top button
Close