(ВИДЕО) Студенти во „Гоце Делчев“ живеат со глувци и без топла вода

Според објавите на Стјудентарија, студенти од блокот „Б“ во студентскиот дом „Гоце Делчев“ реагираат дека со недели немаат топла вода. Иако, како што наведуваат, секојдневно добиваат најави дека проблемот се решава, состојбата на терен не се менува.

Освен проблемот со топлата вода, во објавата на „Студентарија“ се наведува и дека студентите се соочуваат со сериозни хигиенски проблеми во домот. Според нивните реакции, дел од студентите биле принудени сами да бркаат глувци од собите, додека во објавата се тврди дека во домот не била спроведена дезинсекција и дератизација веќе една година.

За младите кои живеат во дом, топлата вода, струјата, хигиената, безбедноста и функционалниот простор не се дополнителна погодност, туку минимум под кој не смее да се оди.

Проблемите, сепак, не завршуваат само со условите во домовите. До „Студентарија“ стигнуваат и реакции за доцнењето на државните студентски стипендии. Иако е 12ти Мај, студентите велат дека осмата рата од стипендиите сè уште не е исплатена. За многумина, овие пари не се симболична поддршка, туку дел од месечниот буџет за храна, превоз, сместување и секојдневни трошоци.

Back to top button
Close