ВИДЕО: Студентите во блокада од големиот протест во Белград повикаа граѓаните да не се откажуваат од поддршката во борбата за промени

Илјадници луѓе ги преплавија улиците во центарот на Белград, на протест што најверојатно ќе биде најголем откако студентите-во-блокада повикаа за првпат пред повеќе од 3,5 месеци по загинувањето на 15 луѓе при уривање на настрешница на железничка станица во Нови Сад, јави МИА од Белград.

Трагедијата на железничката станица беше искра што ја разгоре долготрајната горчина поради корупцијата и слабиот надзор во градежните проекти поради што и движењето стана се помасовно.

Во објавите на социјалните мрежи, студентите ги повикаа присутните на протестот да дејствуваат „на мирен и одговорен начин“ за кој упорно повторуваат дека – Целта на ова движење не е упад во институциите, ниту да ги напад „врз оние кои не мислат како нас“.

„Ова движење не смее да се злоупотребува“.

Митингот официјално почна во 16:00 часот и ќе трае до 21:00 часот, но илјадници веќе се собраа неколку часа однапред.

„Заедно да ја разбудиме Србија и да истраеме во борбата не само за студентите, туку и за земјоделците, просветните работници, актери, новинарите, инженерите….Што ги спречува институциите да работат како што треба? Имаа 4 месеци да ги исполнат нашите барања, но не ги исполнија. Нашите барања се за функционално работење на нашето општество“, беше објавено од говорник студентка на бината поставена на Славија во Белград.

„Само заедно со залагање ќе се реши корупцијата“.

„Се случи Славија, сто илјади луѓе. Доставивме писма до Јавната обвинителка Загорка Доловац. Нашите барања се испратени до обвинителството. Не газеа. Излеговме на улица со уште поголема мотивација…Да ја разбудиме Србија заедно и да истраеме во борбата не само за студентите, туку и за земјоделците, просветните работници, актери, новинарите, инженерите… За сите оние што ги загубивме и за оние што ќе ги загубивме доколку продолживме да молчиме“.

Европската унија и ОН во петокот апелираа до властите пред демонстрациите да го почитуваат правото на протести.

Со недели, демонстрантите предводени од студентите одржуваат митинзи во поголемите градови во Србија.

Нивното враќање во Белград денеска дополнително ќе го засили веќе зголемениот притисок врз владата чиј премиер Милош Вучевиќ веќе поднесе оставка заедно со неколку високи функционери. Но. тоа очигледно не ја смири ситуацијата.

Но, поддржувачите на владата исто така се мобилизираа во главниот град и поставија барикади во близина на Парламентот.

Тоа доведе до стравувања од конфронтација со демонстрантите предводени од студентите.

Вучиќ излезе со порака вчера, додека демонстрантите почнаа да влегуваат во градот, дека нема да попушти пред масовните протести.

„Јас сум претседател на Србија и нема да дозволам улиците да поставуваат правила во оваа земја“.

Во петокот вечерта, илјадници луѓе беа наредени низ белградските улици за да ги пречекаат студентските демонстранти кои пристигнуваат во главниот град откако со денови маршираа од градови низ Србија.

Ситуацијата во етерот е поларизирана – медиумите блиски до владата емитуваат обвинувања, нагласувајќи дека студентите планираат да извршат „државен удар“. Од друга страна независните медиуми јавуваат дека студентските протести се израз на долгогодишното коруптивно владеење на актуелната владина структура.

Демонстрантите наведуваат дека ќе продолжат со протести додека не се исполнат нивните барања за поголема одговорност.

Засега е мирно, белградската полиција приведе маж кој според нив. носел бомби за да ја разнесе зградата на претседателството. Од вчера приведени се 13 луѓе. Протестот според најавите на организаторите ќе трае до 21 часот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close