ВИДЕО: Субвенции за енергенти за индустриите за храна ако ги намалат или не ги зголемуваат цените

Инфлацијата е комплетно иста во цела Европа и потекнува од исти фактори – цената на основните житни култури е порасната над 70 отсто во текот на 12 месеци, а тие се основна суровина за производство на леб, а зголемена е и цената на енергентите, рече премиерот Димитар Ковачевски.

На почетокот Владата, рече тој, пристапи со замрзнување на цените, но ако се замрзнат цените под трошоци на производство ќе има недостиг на храна.

Соопшти дека се одлучиле за таргетирани мерки за субвенционирање на индустрии што произведуваат основни прехранбени производи да им се помогне со енергенси и струја што ја користат, но под услов ако се намали или не се зголемува цената на производите што излегуваат од нивните капацитети.

-Се надевам дека во наредните една-две недели ќе дојдеме до решение прифатливо за производителите што ќе овозможи субвенционирање на енергенсите за нив, а тие да ја намалат или да не ја зголемуваат цената на основни пехранбени производи, рече Ковачевски на прес-конференција на која ги соопшти мерките за поддршка на граѓаните и компаниите за полесно справување со економско-енергетска криза усвоени денеска на 88. редовна седница.

 

Back to top button
Close