ВИДЕО: Сведоштва од несреќата: Патници бегаат низ оган – во вагоните 1.200 степени
Патниците кои ja преживеаја тешката несреќа во која се судрија два воза во близина на грчкиот град Лариса сведочат дека слушнале силен удар, а потоа вагоните почнале да се превртуваат. Како што рекоа, околу нив имало пламени јазици од сите страни, а некои се спасиле скокајќи од вагонот од голема височина.
„Слушнавме силен тресок. Следните 10 секунди беа пекол. Се превртувавме во вагонот додека композицијата не запре и конечно паднавме. Потоа дојде паниката. Кабли, пожар… Пожарот започнал веднаш. Како што паднавме, изгоревме. Пожарот беше лево и десно“, изјави за Ројтерс Стергиос Миненис, кој ја преживеа несреќата.
Друг патник вели дека првите 10 до 15 секунди по несреќата биле хаос. И ја наведува истата ужасна ситуација – превртување, пожар, закачени кабли, скршени прозорци, заробени луѓе кои врескаат…
«Το κράτος έχει αφήσει τα #τρενα χωρίς συστήματα ασφαλείας,χωρίς φανάρια.Μέσω ασύρματων γίνεται η ενημερωση των μηχανοδηγών.Τα έχουμε καταγγείλει όλα έχουμε κάνει απεργίες,έχουμε στειλει εξώδικα»
Ανατριχιαστική καταγγελία του Προέδρου μηχανοδηγών Κ.Γενιδουνια.#Τεμπη #Λαρισα pic.twitter.com/2AMMGw0UM5— Marka2‼️ (@Marka2free) March 1, 2023
Во вагоните кои гореа речиси два часа температурата надмина 1.200 Целзиусови степени, соопштија надлежните од Бригадата за противпожарна заштита.
Засега бројот на жртви е 32, со над 85 повредени, но се стравува дека бројката може да биде и поголема. Според грчки „Катимерини“, спасувачите се уште ги пребаруваат вагоните, па се стравува дека бројот на загинати и повредени ќе биде поголем.
Патнички воз се судри со товарен воз нешто пред полноќ, во Темпи, во централна Грција, во близина на градот Лариса, соопшти грчката противпожарна служба. Според Хеленик Трејн, во моментот на судирот во патничкиот воз имало најмалку 350 луѓе. Во Атина се качија околу 430 луѓе, а во Лариса заминаа околу 80, додека останатите беа во составот во моментот на катастрофалниот удар.Причината за најсмртоносната железничка несреќа во Грција во последните децении е непозната.