(ВИДЕО) Свирепо убиство во Албанија: Го убил синот на соседите и го закопал

Албанската јавност вечерва ја вознемири веста за свирепо убиство што се случило во селото Грецал кај Фиер, пренесуваат медиумите од соседството.

„Клодиан Чаламани(38), кој по приведувањето на распитот признал дека на бел ден го киднапирал осумгодшниот син на соседите. Потоа го однел во својот дом каде го чувал неколку часа, по што, го удрил со лопата по главата и го закопал во дворот, пренесува Ора њуз.

Мајката на детето била таа која го вклучила алармот откако детето не дошло од училште, од каде потврдиле дека тоа дента не ни дошло. Од снимки на безбедносните камери на некои објекти полицијата утврдила дека детето го возело велосипедот на соседот, по што тој го внел во неговата куќа.

Медиумите наведуваат дека ова не е прв случај во кој Чаламани грабнал дете.

– Во 2006 година тој заедно со неговиот пријател Флориан Васиу киднапирале и малтертирале малолетно девојче, исто така, од соседството. За среќа девојчето некако успеало да им побегне, наведуваат медиумите.

„Ора њуз“ уште додава дека тој сам живеел во куќата. Татко му и брат му биле во затвор во Грција, а мајка му била во Македонија.

Back to top button
Close