(Видео) Тага и солзи во Кочани, родителите неутешни: Ангели вечна ви слава, ве сакаме

Неутешни родители, семејства, роднини и пријатели се собраа на кочанските гробишта во алејата на ангелите, на годишнината од смртта на 63 лица кои загинаа како последица на трагедијата во „Пулс“.
Драги Горгиев, татко на тапанарот од ДНК, Георги објави снимка каде се гледа траорната атмосфера. На ова место, голем дел од семејствата го минуваат секојдневието и посочуваат дека само тоа им останало по трагедијата.
„Ангели вечна ви слава, ве сакаме“, напиша Горгиев.
Родителите цела година, речиси секој викенд го минуваа со Маршот за ангелите, барајќи правда за своите чеда. Истовремено, Кривичен суд им суди на обвинетите од сопственици на објектот до функционери кои според Обвинителството, дозволиле клубот „Пулс“ да работи без да ги исполнува законските прописи.
Извор: fokus.mk






