(ВИДЕО) Талески до Тошковски: Дали граничните центри се укинуваат за да се овозможи шверц на мигранти?

 

Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, остро реагираше на предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција, нарекувајќи ги директен обид за враќање на партиските тефтерчиња“ и уривање на институционалниот интегритет.

Тошковски го претвори министерството, а со тоа и државата, во див запад. Укинувањето на критериумите за избор на началници е обид за политичка контрола. Дали повторно одлуките се носат по списоци? Дали граничните центри се укинуваат за да се овозможи шверц на мигранти? На овие прашања чекаме одговори од Тошковски“, рече Талески на собраниската седница.

Тој потенцираше дека Тошковски ќе остане запаметен како најкатастрофалниот министер за внатрешни работи во историјата на оваа држава. А за сето она што се случува во МВР, однесувањето, хаосот и крајната партизација, Тошковски треба да има барем малку образ, да ѝ се извини на јавноста и да си поднесе оставка од морални причини.

Јавноста добива само бесмислени говори и театар. Ова не е сцена, ова е институција на државата. Тука сте, министре, за да одговарате пред пратениците и граѓаните, а не да бегате од одговорност“, потенцираше пратеникот на СДСМ, Миле Талески.

Back to top button
Close