ВИДЕО | Таравари: Ние сме за отворена изборна листа со осум изборни единици

Јануари е месец и на големи политички случувања, добивме нов премиер и нова влада, иако опозицијата и понатаму инсистира на предвремени парламентарни избори. Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и вчера од Охрид побара нови предвремени парламентарни избори.

-Тоа е нивни став, но и наш став е дека треба да има предвремени избори иако сметаме дека треба да им се дадт сто дена. Мислам дека прво оваа влада ќе има криза на легитимитет оти актуелниот премиер никогаш не излегол на избори. ДУИ пак ветуваа прв премиер Албанец, а излажаа за тоа. Алтернатива заедно со нас излезе на избори и заедно баравме промена на ДУИ, а тие што не гласаа не гласаа Алтерантива да влезе во коалиција со ДУИ. Џентлменски е да ѝ се остават на владата тие сто дена. Нема кохезија ни во самата СДСМ, каде има разни групации кои војуваат меѓу себе, вели Арбен Таравари, генерален секретар на опозициската Алијанса за Албанците  за Утрински брифинг.

Сепак мнозинството во парламентот го дава легитимитет.

-Има разлика меѓу легитимитет и легалност. Оваа влада има легалност. Легитимитет е друга категорија. Според мене, неизбежно е некаде кон септември да се одржат предвремени избори, вели Таравари.

Тој додава дека времето ќе покаже, а и анкетите велат дека СДСМ е брод што тоне оти внатре се случува раскол. Таравари вели дека ни на ДУИ не им одговараат предвремени парламентрни избори со оглед на тоа што во најголемите градови каде што живеат Албанци тие ги загубија локалните избори.

Помалите партии кои се дел од владиното мнозинство ѝ дадоа рок до 15 април на владата да го промени изборниот модел во една изборна единица. За ова се залагаше и поранешниот премиер Зоран Заев во предизворната кампања, но околу тоа прашање пет години нема ништо. Беса се изјасни дека е против оваа опција.

 

-Малите партии кои имаат 3-4 пратеници исто така ја условуваат владата, што може да предизвика криза. Ние начелно сме за отворени листи, но ставот наш е да има осум изборни единици. Нашиот аргумент за тоа е што постојат осум економски развојни региони во Македонија. Ако сакаме демократизација на општеството, тоа треба да почне во партиите и затоа треба да се оди со отворени гласачки листи. Подготвени сме да разговараме и да ги изнесеме своите аргументи. Но, се сомневам дека до следните избори ќе дојде до промени, вели Таравари за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Back to top button
Close