(Видео) Таравари: Поддржуваме премиер Албанец само ако има 4-годишен мандат

 

Ќе поддржиме предлог за премир Албанец само доколку тој има четиригодишен мандат, а сиве овие разговори кои траат повеќе од една седмица меѓу СДСМ и ДУИ се театар бидејќи веќе постигнале договор, изјави претствникот на коалцијата Алијанса за Албанците/Алтернатива, Арбен Таравари за телвизијата ТВ21.

Причината зошто поранпшниот министер за здравство овие преговори ги нарекува театар е, како што самиот вели, зашто СДСМ „се срами“ да биде во влада со ДУИ. Од друга страна, пак, „интегративците“ на Али Ахмети ветија дека ќе има премиер Албанец, но сега прифатија да влезат во влада без исполнување на ова ветување, тврди Таравари.

Актуелниот градоначалник на Гостивар притоа потсетува дека доколку ДУИ го исполни ова ветување, ќе ја има поддршката на 12-те пратеници на коалицијата АА/Аа, но само доколку како што вели тој, премиер има четиригодишен мандат, но не и за друг партиски пазар.

Изјавата на Таравари доаѓа откако претходно во неделата Демократската унија за интеграција (ДУИ) повторно ги обвини опозициските партии на Албанците во Македонија дека им ги „уништиле“ преговарачките позиции како на победник и „легитимен претставник“ на Албанците и оти тајно преговараат со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за влегување во влада.

Back to top button
Close