(ВИДЕО) Техеран откри кој стои зад нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху

Иранските власти соопштија дека либанското движење Хезболах, кое Техеран финансиски и воено го поддржува, стои зад нападот со беспилотно летало чија цел била приватната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Израел.

Таа акција ја изврши либанскиот Хезболах – се наведува во краткото соопштение на иранската мисија во ОН, пренесе иранската агенција Ирна.

Нетанјаху вчера ги обвини „иранските сојузници“ дека „се обидуваат“ да го убијат него и неговата сопруга, откако беспилотно летало ја нападна неговата приватна резиденција во централен Израел.

Нетанјаху додаде дека одговорните „ќе платат висока цена“.

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац ги осуди „иранските сојузници кои се обидоа да го убијат“ Нетанјаху откако беспилотно летало ја нападна неговата приватна резиденција.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close