ВИДЕО: Телата на 3-те лица од БМВ-то што падна во Лепенец се во возилото

Телата на трите лица ,маж жена и малолетен син сите од семејството Пацоли,кои вчера со возилото БМВ со Приштинска регистрација кое падна по удар со друго возило во реката Лепенец најверојатно се во возилото кое попладнево беше најдено во реката..
Репортерот на тв Сител од местото на несреќата јави дека во возилото има тела на 3 лица повикувајќи се на нуркачот кој го кажал тоа на луѓето од истрагата.

Четвртото лице кое било во паднатото БМВ 20 годишно момче од семејството Пацоли успеа да се спаси и  е хоспитализирано во Скопската болница 8 септември. Според директорот на болницата момчето има лесни повреди,набиеници и гребнатини и е вознемирен но нема сериозни повреди. Возачот на другото возило кое удрило во БМВ-то е приведено соопшти полицијата.

Back to top button
Close