ВИДЕО: Тензично во Љубљана – демонстранти фрлаат факели кон Парламентот, полицијата возврати

Tензични снимски доаѓаат од престолнината на Словенија каде противниците на мерките за сузбивање на ширењето на Ковид вечерва излегоа на протест на Плоштадот на републиката. Тие ја критикуваа Владата скандирајќи барања на оставки. По два часа запалија и факели и почнаа да ги фрлаат кон Парламентот.

лавни се две барања на демонстрантите – промена на мерките и предвремени избори.

Собраните граѓани се приближуваа и кон влезот на Парламентот, но полицијата го зголеми своето присуство.

Како што јавува Н1, над Љубљана кружат и хеликоптери. Полицијата возврати со солзавци и водени топови.

 

Back to top button
Close