(ВИДЕО) Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик

Во пресрет на гласањето за извештајот за земјава во Европскиот парламент, го прашавме известувачот за С Македонија, Томас Вајц, за тоа што содржи документот кој беше нападнат од бугарските медиуми зашто имал, како што беше пренесено, промакедонски позиции

„Во нацрт-документот, таков како што е сега, има неколку референци за признавање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Лично ми е жал што ова е потребно, бидејќи нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик. Лично, не би гледал потреба тоа да се каже. Но, поради некои прашања што беа поставени, особено од бугарската страна, дека македонскиот е независен јазик што се разликува од бугарскиот и дека македонскиот идентитет беше доведен во прашање не само од бугарските соседи, туку и порано од грчките соседи, потребно е да се спомене ова, и тоа е вклучено во нацрт-извештајот“, вели Вајц

Целиот текст на 360 степени

Back to top button
Close