(Видео) Трагедија, гнев и отпор – Србија се поклонува пред жртвите од Нови Сад

Втората колона граѓани и студенти денеска тргна од Плоштадот на слободата кон железничката станица во Нови Сад, каде што ќе се одржи главниот дел од комеморацијата по повод една година од трагедијата во која загинаа 16 лица.
Главната програма започнува во 13:30 часот и ќе трае околу два часа. Потоа, во 15:30, ќе биде емитувана документарната серија „Прекретница“, посветена на настаните и последиците од несреќата, додека во 16:30 е најавена прошетка до кејот и придружна изложба. Вечерниот дел на програмата ќе продолжи од 18:30 часот, а комеморативниот собир ќе заврши симболично – со 16 минути тишина во 19:52 часот, во чест на 16-те жртви.
По падот на натстрешницата, жвотот го загубија:
Сара Фириќ (6), Валентина Фириќ (10) и Ѓорѓе Фириќ (53) од Ковиљ,
Милица Адамовиќ (6), Сања Ќириќ Арбутина (35) и Милева Карановиќ (76) од Каќ,
Немања Комар (17) од Степановиќево, Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин, Стефан Хрка (27) од Белград, Анѓела Руман (20) од Стара Пазова, Горaнка Раца (58) од Нови Сад, Ѓуро Швоња (77) од Степановиќево, Вукашин Раковиќ (69) од Буковац и Васко Саздовски (46), од Македонија.
Подоцна, Ања Радоњиќ (24) од Параќин почина од повредите на 17 ноември, а Вукашин Црнчевиќ (18) од Змајево, ученик од Нови Сад, почина на 21 март оваа година. Единствената преживеана со тешки повреди е Теодора Мартинко.
Година по трагедијата, Нови Сад и цела Србија ја паметат катастрофата, протестите, апсењата и полициската бруталност што следеа по уривањето на бетонската крошна над железничката станица. Настанот предизвика бран граѓански револт и повици за одговорност на властите.
Денеска, илјадници граѓани патуваат од Белград кон Нови Сад за да присуствуваат на комеморацијата. На автопатот е забележана голема гужва и застој кај наплатната рампа Нови Сад-Југ, каде задржувањето на возилата утрово достигнува и до триесет минути, според податоците на „Патишта на Србија“.
ПОВЕЌЕ НА SKOPJE1.MK






