(ВИДЕО) Трагедија на Филозофскиот факултет во Србија: 25-годишна девојка загина по пожар предизвикан од пиротехника
Полициски службеници од полициската станица „Стари Град“ синоќа во 22:40 часот добиле пријава дека на платото пред Филозофскиот факултет во Србија се наоѓа женско лице на возраст од околу 25 години, без знаци на живот.
— MMMarija (@Marija64729972) March 27, 2026
По пристигнувањето на местото на настанот, од очевидци било посочено дека на петтиот кат од факултетот дошло до активирање и палење пиротехнички средства, по што младата жена, најверојатно студентка, скокнала од прозор.
Според информациите, во просторијата биле пронајдени петарди, факели и спрејови, поставени во близина на радијатор, што најверојатно предизвикало пожар и паника во објектот.
Надлежните институции најавуваат истрага за утврдување на сите околности и одговорноста за трагичниот настан.






