(Видео) Трагедија во Швајцарија: Неколку лица загинаа во пожар во автобус, лице се полило со бензин и се запалило внатре

Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени во голем пожар што избувна во автобус во швајцарскиот град Керцерс, на околу 19 километри западно од Берн, пренесуваат медиумите.

Инцидентот се случил околу 18:25 часот, додека автобусот превезувал патници. Полицијата преку социјалните мрежи потврди дека има загинати и повредени лица.

 

На местото на несреќата брзо пристигнале пожарникари, полиција и медицински екипи. Фотографии од теренот покажуваат дека автобусот целосно изгорел.

Причината за пожарот засега не е позната, а полицијата апелираше граѓаните да се држат подалеку од местото и да ги следат упатствата на службите.

Според неофицијални информации, пожарот избувнал откако едно лице се полило со бензин и се запалило во автобусот. Швајцарската новинска агенција „Кистон-АТС“ јави дека едно од повредените лица било пренесено со хеликоптер во болница.

Видеото на следниот линк

Back to top button
Close