(ВИДЕО) Трамп ќе му ја откинеше раката на Макрон

Американскиот конзервативен новинар Ник Сортор кажа дека францускиот претседател Емануел Макрон изгледал „преплашен“ за време на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп на самитот за Газа во Египет.

Според неговата објава на социјалните мрежи, Сортор коментирал фотографии од средбата меѓу двајцата лидери, забележувајќи дека Трамп „речиси му ја откинал раката“ на Макрон за време на ракувањето.

„Францускиот претседател Макрон изгледа преплашено додека претседателот Трамп го тепа и речиси му ја откинува раката“, напиша новинарот, додавајќи дека Трамп „секогаш е во подобра позиција од неговите европски колеги“.

Овој коментар предизвика бројни реакции на Интернет, особено меѓу поддржувачите на Трамп кои често го истакнуваат неговиот „авторитативен стил“ на меѓународните состаноци

Back to top button
Close