(ВИДЕО) Тренчевска: Додека Мицкоски фантазира за „четврта економија во Европа“ – граѓаните тонат во сиромаштија

Според неа „ова не се само бројки – тоа е директен удар врз секое семејство, секој дом, секој граѓанин. Една година беше доволна да излезе на виделина неспособноста, неодговорноста и целосната негрижа на Владата на ВМРО ДПМНЕ за граѓаните. Година дена доцнат со секоја економска мерка, и еве сега слушаме Мицкоски допрва ќе предлага нови мерки за високите цени“.

– Advertisements –

„Додека Мицкоски размислува, и фантазира за „четврта економија во Европа“, реалноста го демантира – граѓаните тонат во сиромаштија, куповната моќ опаѓа, економијата не е брзо растечка. Кога цените растат побрзо од економијата, тоа значи дека сме посиромашни, а не побогати, и дека економијата паѓа, а не расте. Животот на граѓаните е претворен во купи – продај, секојдневни математики дали платат сметки или да купат основни намирници. Македонија и понатаму е на дното во Европа по стандард. Просечниот македонски граѓанин има само 42% од животниот стандард на ЕУ, Србија и Црна Гора се пред нас“ рече Тренчевска.

Вели дека „минималната плата нема да се зголеми, просечната плата стагнира, но затоа функционерските плати се зголемуваат. Владата нема пари за повисоки плати за работници, но не се откажува од луксузот на скапи патувања, милиони потрошени на ПР и кампањи, и возење со приватни авиони. СДСМ и во најголемите кризи, ковид пандемијата и енергетската криза, ги зголеми и минималната и просечната плата, со правилни мерки го заштитивме стандардот на граѓаните. Обезбедивме тројно повисока социјална помош, раст на пензиите, милијарда евра поддршка за компаниите – тоа се мерки за реална помош и грижа за граѓаните и стопанството

Back to top button
Close