(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама – над 318.000 пензионери се оштетени
25.07.2025 13:12
2,417 1 минута читање
„Власта спроведува историска имама на пензионерите. Со последната одлука за зголемување од само за 1.000 денари, пензионерите се оштетени не еднаш, туку двапати – во септември 2025, и уште еднаш во март 2026. Затоа што со вакво линеарно зголемување од 1.000 денари, Владата го укинува правичното законско усогласување – со што пензиите ќе се зголемат многу повеќе. Механизмот што го донесе СДСМ да ги штити пензиите од инфлација и раст на трошоците за живот ќе значеше зголемување на сите пензии за 5% во септември и уште 5% во март, со сегашното ниво на трошоци и плати“ рече денеска на прес-конференција Јована Тренчевска – пратеничка од СДСМ.
Вели „Сега, 92,5% од сите пензионери – над 318.000 луѓе – се оштетени и ќе добијат помали пензии отколку што реално им следува и заслужиле. Некои помали дури и за 2.000 денари, некои помали и за 4.000 денари. Ете толку им краде владата на пензионерите во септември и март. Само 7,5% ќе добијат некаква корист, и тоа – помалку од тоа што им следува и го заслужиле“
„Ова не е „повисока пензија“, ова е системска измама и пресметан грабеж. Погрешните политики на Владата на Мицкоски се рецепт за сиромаштија на пензионерите. Инфлацијата во земјата изнесува 4,5% – што директно го јаде животниот стандард на пензионерите. Трошоците за живот пораснаа за над 6.000 денари годишно. А дефицитот на ПИОМ фондот надминува 47% и секојдневно расте. Ова е сериозен аларм и загрозување на исплатата на пензиите во иднина. Луѓето кои целиот живот го посветивте на работа, на земјата, на општеството не заслужувате ваков однос од сопствената власт“ порача Тренчевска.