(ВИДЕО) Тренчевска: Мерките повторно не се воведени до крај – граѓаните ја плаќаат неспособноста на Мицкоски
Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателка на СДСМ
Мерките повторно не се воведени до крај – граѓаните ја плаќаат неспособноста на Мицкоски

Владата на Христијан Мицкоски задоцни со мерки и носи само делумни решенија без ефект.
Холистичкиот пристап на македонскиот Далај Лама нема ефект, секогаш кога ќе најави мерки цената на дизелот поскапува.
Мерките на СДСМ не се воведени до крај, а цената на оваа неспособност ја плаќаат граѓаните кои се соочуваат со нов ценовен шок токму пред велигденските празници.
Поскапени се: лебот, брашното, месото, млечните производи, овошјето, зеленчукот, зејтинот…буквално се е поскапено.
Апсурд се изјавите и изговорите од власта.
Прво, Мицкоски тврдеше дека сме „трета економија во Европа”, додека неговата портпаролка Марија Митева вели дека БДП расте за 2,8%. Па ако сме трета економија во Европа зошто не се покачи минималната плата на 600 евра и зошто не се воведат посебни пакети помош за ранливите граѓани.
Вчера Мицкоски рече дека буџетот губи милион евра дневно.
Ако губиме милион дневно – зошто ги повикува граѓаните од соседните земји да точат горив кај нас?
Зошто не се преземаат мерки за ограничување?
Граѓани на Македонија, вие го спонзорирате точењето гориво на вашите соседи!
Ова е уште еден доказ за погрешните економски политики на Владата – без стратегија, без навремена реакција и без грижа за граѓаните.
СДСМ навремено понуди 4 конкретни законски решенија за заштита на стандардот на граѓаните и стабилизација на цените:
Закон за укинување на ДДВ за основните прехранбени производи на 0%.
Закон за намалување на ДДВ на горивата на 5% а не како што е сега.
Закон за намалување на акцизите на горивата за 4 денари.
Преполовување на цените на патарините.
Компленто решение кое ќе значат вистинско намалување на цените на храната и на горивата.
Законските решенија се на собраниска седница, ги повикуваме пратениците да ги поддржат и конечно да застанат на страната на граѓаните.






