(ВИДЕО) Трилинг – Никола Тодоров: Избори што поскоро, па влада за државен спас

Екс-министерот Никола Тодоров со сугестија до сопартиците. Опозицијата треба да бара избори веднаш, за да победи. Избори што поскоро. Ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ, кој и да победи, не може сам да се справи со ковид 19 и економската депресија. Никола Тодоров, министер во владите на Груевски самиот си определи период на политичка апстиненција.

Но не е без амбиции, па вели кога би бил лидер на опозицијата веднаш би барал избори, би победил и би составил концентрациона влада. Екс-министерот за образование и здравство во интервју за трилинг вели дека вината не е во луѓето, туку во несовесноста на политичарите, верските водачи и нереалните лидерски амбиции.

„Кога би бил Мицкоски или лидер веднаш во влада би ги повикал противниците”.

Кој ја диктира играта на тронови во ВМРО-ДПМНЕ – актуелниот лидер, унгарскиот клон или се уште неприкосновениот Мијалков? Писателот и сатиричар Божидар Божиновски – Килингтон за Трилинг одговара дека новата нормалност е иста со старата, само со маска. Рапорт од Милано – како градот на модата се буди од корона анастезијата на телото и духот?

Back to top button
Close