(Видео) Турската полиција употреби солзавец за учесниците во „Парадата на гордоста“

Турската полиција со солзавец ги растера луѓето собрани на вчерашната Парада на гордоста во центарот на Истанбул. При тоа приведени се околу 20 лица, вклучително и фоторепортери, објавуваат локалните медиуми

„Ројтерс“ извести дека постојат снимки на кои се гледа како полицијата под целосна воена опрема турка и влече луѓе, од кои некои вееле знамиња во боја на виножитото, додека се собирале за настанот на споредна улица што се вкрстува со Централната авенија Истикал.

Турските власти во претходните години неколку пати забрануваа Паради на гордоста.

 

 

 

Back to top button
Close