(ВИДЕО) Уапсен сопственикот на кравите во кривопаланечко: „Целта им беше татко ми кој ништо не направи“

 17:47

Попладнево е уапсен сопственикот на кравите за кои жителите во кривопаланечкиот регион реагираа дека им го уништуваат земјоделскиот имот барајќи храна и го загрозуваат сообраќајот во околината.

Сопственикот е уапсен затоа што наводно им се заканувал по живот на повеќемина граѓани кои трпеле штета од неговиот добиток, но ќерката на сопственикот, Јулијана Ѓоргиевска за „Фокус“ вели дека не направил ништо за да биде приведен.

– Го приведоа татко ми, а сестра ми заврши во болница. Кравите пак се ослободени и излегува дека цела акција не беше за добитокот туку само да го уапсат татко ми кој буквално ништо не направи, рече за „Фокус“ косопственичката на стадото крави Јулијана Ѓоргиевска која се пожали за нехуман третман на животните, односно на изгладнување на кравите од страна ма жителите кои ги врзуваат по своите штали пред да пријават во Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Јасно се гледа дека апсат луѓе без никаков прекршок, без инцидент, без отпор и без попречување. Ниту провокација, ниту причина – а сепак се применува сила и лишување од слобода. Ова не е законска постапка. Ова е класичен пример на злоупотреба и прекршување на основните човекови права!“, напиша Ѓоргиевска на социјалните мрежи.

Back to top button
Close