ВИДЕО: “Љубовната камера” на Колдплеј ги „фати“ Меси со сопругата Антонела, погледнете ја реакцијата

Немаше бакнеж, но кога фронтменот на Колдплеј, Крис Мартин, ги виде, компонираше неколку стихови во рима за нив, што е веќе негов традиционален потег. „Мој прекрасен брате! Ти и твојата сопруга изгледате одлично. Ти благодарам што си со нас вечерва. Ти си најголемиот спортист на сите времиња“, им рече Мартин.

 

Некои, се разбира, веднаш го споредија нивниот изглед на камерата за бакнување на концертот на Колдплеј со изгледот на виралната двојка чија афера беше откриена токму на тој начин. За потсетување, аферата помеѓу извршниот директор на „Астрономер“, Енди Бајрон, и менаџерката за човечки ресурси на компанијата, Кристин Кабот, беше разоткриена пред камера, што веднаш стана глобален хит

 

Back to top button
Close